Виц: Двајца Грци и еден Македонец

0
5014

Седат два Грка во авион, до прозорецот и на средното седиште.

Доаѓа Трпе, седнува до нив, се раскомотува и ги соблекува чевлите.

Гркот до прозорецот вели:

– Мислам дека ќе одам по кока-кола.

На тоа Трпе му вели:

– Братче, да не се провлекуваш, јас ќе ти донесам.

И додека бил отсутен, едниот Грк му плукнал во чевелот.

По пет минути, истата сцена, само со вториот Грк и со другиот чевел.

Слетува авионот, а Трпе ги облекува чевлите, се намуртува и вели:

– До кога, бре, оваа омраза, нетрпеливост, плукање во чевлите, мочање во кока-колата?!

Коментирај