Виц: Чекај да се разбереме

0
930

Запира сообраќаец еден возач кој возел над дозволената брзина, па возачов му вели: Друже, пред да почнеш да пишуваш казна, почекај да се разбереме. „Ќе се разбереме, ама во станица, кога ќе те пикнам зад решетки и ќе го чекаш командирот, па со него разбирајте се“. Ама чекај… „Тишина! Нема чекај! Тргнувај в комбе!“

Го носи во притвор, па по некое време го посетува во ќелијата и му вели на возачот: „Имаш среќа што командирот вечерва прави свадба, ја мажи ќерка му, па ќе дојде расположен сабајле“. А возачот: Надевај се така ти, јас сум зетот што требаше да е на таа свадбата вечерва.

Коментирај