Витамин Д- неопходен за превенција на тумор и срцево васкуларни болести

0
638

Витаминот Д или т.н антирахитичен витамин заедно со паратироидниот хормон ја регулира ресорпцијата на калциум и фосфор во плазмата. Витаминот Д во организмот се создава во кожата во вид на провитамин а под дејство на сончевата УВ светлина се трансформира во витамин Д. Нашата кожа кога е изложена на директни сончеви зраци создава доволно количество на витамин Д, и токм изложеноста на сонце е најсигурен начин за истиот да се синтетизира.

Витаминот Д го има во рибиното масло, путерот, јајцата и збогатеното млеко и житарици со витамин Д. Млечните производи за повеќето луѓе се главен извор на витамин Д.

Употреба на витамин Д

Витамин Д е неопходен за превенција на тумор и срцево васкуларни болести, остеопороза, склероза и дијабетес од типот 1, а според најновите истражувања помага и во спречување на грип и бројни вируси.

Превенција на остеопороза
Една од главните употреби на витаминот Д е во превенција на остеопорозата. Болеста главно е резултат на намалено количество калциум во коските, но сами од себе суплементи на калциум не би биле корисни затоа што витаминот Д е потребен за соодветна употреба и искористување на калциумот. Земање само на витамин Д без калциум е исто така неефикасно во случајов.

Рахитис
Рахитис е синдром кој ги зафаќа децата кои имаат дефицит на витамин Д и вклучува
деформитети на зглобовите и коските, намален раст и развој.

Превенција на рак на дебелото црево
Витаминот Д игра улога и во превенцијата на рак на дебелото црево. Можни се и протективни ефекти против рак на дојка и рак на простата, но тие се уште не се утврдени.

Ослабена функција на слушните коски
Многу постари лица имаат недостаток на витамин Д. Тоа може да делува на слухот, поради ослабената функција на слушните коски кои го пренесуваат звукот. Доколку тоа е причина за губитокот на слухот, можно е третманот со суплементи на витамин Д да ја подобри состојбата.

Кожни болести
Витаминот Д се користи и за надворешна употреба, а може да биде корисен и во третманот на псоријаза. Исто така може да биде корисен и кај витилиго и склеродерма. Оралните препарати на витамин Д не се ефикасни во третманот на псоријаза.

Коментирај