Вистинските причини зашто мажите стапуваат во брак

0
251

Излегувањето, запознавањето и пристапувањето, се некои од начините преку кои луѓето си бараат партнер за цел живот.

Иако критериумите не се универзални, и секој го бара она што одговара на неговата личност, често се мисли дека мажите се оние кои потешко се одлучуваат да стапат во брак. Вистината е дека и мажите имаат јасно дефинирани особини кои очекуваат да ги има нивната потенцијална сопруга. А 10 од нив, открија и кои се тие особини.

-Мојата сопруга, додека сеуште беше моја девојка, кажа нешто што никогаш нема да го заборавам. Рече дека да проба да престане да ме сака, е исто како да проба да престане да биде гладна. Тоа беше најубавата работа која некој ми ја рекол некогаш, толку искрено и отворено ми покажа дека ме сака и дека сум и потребен, а притоа не глумејќи недопирлива. Исто така, има техника на соблакање на моите чорапи со нејзините ножни прсти, а таков детски пристап е нешто што го разубавува животот на долги стази.

-Доверба, способност за комуницирање, сексуална компатибилност, способност за опростување, и неколку заеднички интереси се она што го прават еден брак добар. Ова го говорам од искуство, во брак сум 20 години.

-Чесност и искреност, тоа е она најважно, а воедно и она што е најтешко да се пронајде. Убаво е да имате поред себе некој кој има став,знае да го изрази, и се држи до него-така знаете на што сте.

-Покрај многу други работи, готвење. Колку и да звучи тоа примитивно, нема ништо поубаво и посекси од тоа вашата драга да ви го направи вашето омилено јадење. Љубовта навистина доаѓа од желудникот.

-Знаев дека ја запознав својата идна сопруга, кога видов дека не можеме да го завршиме разговорот. Секогаш кога зборевме не можевме да престанеме. Се разбира, и нејзината убавина, сексуалната хемија и хуморот се од корист.

-За мене најважна работа е да имаме слична смисла за хумор. Тоа значи исто да ги разбираме работите, а насмевката е важна за да се пребродат тешки моменти.

-Способноста да не правиме ништо и да ни е убаво кога сме заедно. Да можеме со саати да седиме на каучот рака за рака, и да ни е убаво. Ако одиме некаде заедно-супер, ако не одиме-повторно супер, се додека сме само заедно.

-Материјал за жена е-најдобар пријател+сексуална привлечност.

-Важно ми е да има сопствени интереси и да и се важни, тоа е показател за зрела поединка.

-Да мириса убаво и сите нејзини лудории на добар начин да функционираат со моите лудости.

Коментирај