Вистински ќе ги почитуваш другите, кога ќе почнеш да се почитуваш себеси!

0
149

Голема тежина е насобрана меѓу нас луѓето и тоа на секојдневна база. Навидум, се обидуваме да не си згрешиме, се извинуваме често иако тоа не треба да се случува.

Постојано удоволуваме на другите и заради туѓата удобност, ја нарушуваме сопствената.

Да се разбереме, нема ништо себично во тоа да се ставиш пред другите.

Да ја погледнеме ситуацијата од друг агол: колку пати досега сте ја отстапиле спалната соба кога ви доаѓале роднини од друг град, 9 од 10 пати ќе биде одговорот сигурно.

Токму овие ситуации треба да се надминат. Кога им правиме задоволства на другите луѓе, малку по малку губиме дел од себе, бидејќи правиме нешто кое реално не го сакаме и го правиме со сила.

Ова е една од ситуациите кои не страшни и не се опасни бидејќи се случуваат повремено. Но, што правиме со секојдневната пракса на сервилност во однос на другите?

Тоа се наталожени чувства кои прават голема штета на личноста на емотивно ниво, а со тек на време тоа може да премине во физичка болка.

не ис наштетујвате себеси за сметка на другите луѓе, ако тоа долгорочно не носи ништо, никаква промена за вас, а уште помалку за општо добро.

Не заборавајте, старите биле мудри луѓе и целосно во право кога викале дека  вистински ќе ги почитуваш другите, кога ќе почнеш да се почитуваш себеси!

Извор:hybread.mk

loading...

Коментирај