Вистинската Снежана е од Сибир и има 8 години

0
664

Таа е на 8 години, живее во Јакутија, Сибир, и се вика Наријана. На локалниот јазик нејзиното име значи „Снежана“. Секој кој ќе ја види, ќе разбере и зошто: за разлика од своите врсници, девојчето има исклучително бела кожа и речиси безбојни очи, бидејќи е албино. Интересно е дека не е познато некој во семејството или родот на нејзината мајка или татко да имал албинизам – ретко наследно заболување, при кое недостасува пигментот мелатонин во кожата и очите.

„Таа е повеќе од невообичаено човечко суштество што некогаш сум сретнал“, изјавува фотографот Вадим Руфов, кој ја промовира Наријана преку својот профил на Instagram.

Според Руфов, Нарајана е неверојатно уметнички талентирана и за време на двочасовната фотосесија, таа воопшто не се уморила од позирањето.

„Нејзините очи не поднесуваат силна светлина, но и покрај тоа сликите излегоа совршени“, изјавува Руфов за Siberian Times.

Всушност девојчето е толку добар модел, така што веќе има бројни понуди од модни агенции, но нејзината мајка сè уште не дозволува нејзината ќерка да влегува во овој бизнис, пишува Bored Panda.

„Веќе имавме многу предлози, но не сакам таа да работи“, вели мајката. „Кога ќе порасне, таа ќе одлучи сама“.

Нарајана тврди дека веќе избрала и сака да биде модел.

Таа е второто дете на обично семејство од Република Јакутија – една од најголемите области во Руската Федерација. Тој е регион со најстудената измерена клима на Земјата.

Погледнете ги сликите на Наријана:

0

1

2

3

4

5

7

Коментирај