Вистинската љубов е избор!

0
164

Мојата жена и јас се знаеме уште од средно училиште, но почнавме да излегуваме многу подоцна. Излегувавме само две недели кога сфативме дека ние сме лудо заљубени и сакаме да се венчаме. Јас бев тотално за. Дури сакав да направиме некоја спонтана забава, со најблиските, додека таа сакаше да ја испланира целата работа како што треба.

Јас бев поразен. И реков: Ние сме толку различни. Ти сакаш да планираш, а јас сакам да сум спонтан.“

Нејзините очи се ококорија и рече: „Јас можам да бидам спонтана. Само кажи ми кога сакаш да бидам спонтана и ќе го запишам тоа во мојот планер.“

Јас ја погледнав чудно и сфатив дека е многу сериозн. Таа не го сфаќаше значењето на спонтаноста.

Колку и да звучи чудно, колку повеќе размислувам за овој разговор, толку повеќе сфаќам дека планирањето да сакаш некој или изборот да сакаш некој е една од најубавите работи поврзани со љубовта. Сум слушнал како велат дека вистинската љубов е безусловна посветеност на несовршена личност. И тоа е многу точно.

Кога сите пеперутки ќе одлетаат од стомакот и кога вашата венчавка ќе стане далечен спомен, ќе сфатите дека сте се венчале со личност која е несовршена исто како и вие. И тие исто така ќе сфатат дека и вие имате проблеми, несигурности, маки и чудни навики, исто како и тие.

Тогаш ќе сфатите дека вистинската љубов не е само еуфорично и спонтано чувство, таа е свесен избор, план да се љубите еден со друг и во добро и во лошо. Секако дека не можете да избирате кој ќе ве привлече, но дефинитивно избирате во кого ќе се заљубите и уште поважно, во кого ќе останете заљубени.

Нашето општество дава голема вредност на чувствата. Нас не учат дека секогаш треба да ги следиме чувствата и да го правиме тоа што не прави среќни. Но, чувствата се кревки и знаат да избледуваат. Вистинската љубов, од друга страна, е како северна ѕвезда во бурите на животот, таа е константна, сигурна и вистинска. Секогаш кога ќе се изгубиме или кога ќе се чувствуваме збунето, можеме да најдеме сила во љубовта којашто сме ја избрале.

Покрај тоа, животот веќе ни нуди прилично многу спонтаност: одбивања, губење на работа, срцекршење, разочарување, очај, болести и уште многу други проблеми. Ние едноставно не можеме да го напуштиме бродот секогаш кога ќе налетаме на проблем во бракот. Вистинската љубов се состои во заедничко справување со разбранетите води и животните бури.

Кога баба ми беше во нејзините 50-ти години, неа и беше дијагностицирана мултиплекс склероза, дегенеративна болест која ја попречува способноста на телото да комуницира со нервниот систем. По неколку кратки години, мојата баба мораше да седне во инвалидска количка. Дедо ми се пензионираше поано за да може да се грижи за неа. Тој и помагаше во се: од движење низ куќата и одење на доктор, до давање апчиња и бањање.

Во една прилика, дедо ми и кажа на мајка ми: „Ме боли што ја гледам ваква. Знаеш, кога се земавме, верував дека се ќе оди глатко. Никогаш не помислив дека ќе треба секој ден да и помагам да го менува катетерот. Но, го правам тоа и не ми пречи – затоа што ја сакам.“

Љубовта е многу повеќе од некое случајно, еуфорично чувство. И вистинската љубов не е секогаш пуфкаста, слатка и мила. Вистинска љубов најчесто ги има подвратено ракавите, има кал и прашина на своите раце и има испотено чело. Вистинската љубов бара од нас да паравиме тешки работи: да си простуваме, да си ги поддржуваме соништата, да се тешиме во тажни времиња или да се грижиме за семејството. Вистинската љубов не е лесна и воопшто не е како денот на свадбата, но е многу позначајна и попрекрасна.

Пред некое време налетав на оваа прекрасна мисла: „Никој не се заљубува по избор, туку случајно, но никој случајно не останува заљубен, туку со работа и труд. И никој не се одљубува случајно, туку по избор.“

Секогаш кога јас и жена ми налетуваме на проблем во бракот, правиме се што е во наша можност да избереме љубов. Иако дефинитивно не сме совршени, љубовта која денес ја делиме е многу пореална и попрекрасна од што и да очекувавме.

Затоа, каква и спонтана бура да дојде во наш правец, мојот план е да ја сакам мојата жена.

Ако навистина сакате некого (и тие навистина ве сакаат), посветете се на таа љубов и сметајте дека тоа ќе биде напорна работа.

Но, сметајте и на тоа дека тоа ќе биде најнаградувачката работа во вашиот живот.

Коментирај