ВИСТИНСКА ЉУБОВ: Јапонската принцеза Мако ќе се мажи за свој колега од факултет

0
312

Првата внука на јапонскиот цар Акихито, принцезата Мако (25) се вери за својот поранешен колега од факултет, Кеј Комуро, кој нема благородничко потекло.

Веридбата официјално ќе биде објавена кога ќе бидат завршени сите неопходни подготовки за тоа. Ова на прес-конференција го соопшти претставник на Царскиот дворец, кој меѓу другото, изрази жалење поради предвременото протекување на оваа информација.

Japonska-princeza-Mako

Принцезата се запознала со својот избраник пред пет години, а тој по само една година ја запросил. Нејзините родители – принцот Акисино и принцезата Кико ја одобриле одлуката на ќерка си, која по свадбата ќе ја загуби благородничката титула и ќе стане „обична Јапонка”.

Кеј Комуро моментно живее во Јокохама со неговата мајка и дедо, а работи како правник.

Принцезата Мако е највозрасната ќерка од трите деца на принцот Акисино, кој е втор во редот за наследство на царот, по неговиот постар брат, принцот Нарухито.

Коментирај