Вистинска хорор приказна: Маж пронајден мртов на истото место каде пред 33 години крвнички убил бебе (ФОТО)

0
493

54 годишниот Дејвид Гаут е пронајден мртов во својот дом во велшкото место Њу Тредегар пред неколку дена, а според пишувањата на локалните медиуми, полицијата се уште не ги утврдила причините за смртта.

Полицијата уапсила три лица на старост од 23, 46 и 51 година поради сомнение дека направиле кривично дело убиство. Меѓутоа, Дејвид Гаут е познат низ целиот свет поради злосторството кое го направил пред многу години.

Имено, Гаут поминал 33 години во затвор поради мачење и брутално убиство на 17 месечниот син на неговата тогашна девојка. 1985 година, кога го убил Чи Минг Шек, Гаут имал 21 година. Го убил бебето додека неговата мајка била надвор, а потоа го сокривал телото и ја „местел“ ситуацијата дека смртта е несреќен случај.

Судијата тогаш го осудил Гаут, изјавувајќи го овој случај како „најлошо злосторство кое се случило во земјата“.

Убиената жртва било невино бебе, а во текот на истрагата било востановено дека не е само убиено, туку и мачено, изјавил тогаш судијата.

Гаут пред само неколку месеци бил ослободен, кога се вратил во својот дом во Њу Тредегaр. Соседите за тамошните медиумите изјавиле дека на сите им признал дека лежел во затвор, но дека не го признал злосторството кое го направил.

-Прво ни кажа дека бил во затвор поради нешто што не го направил, а потоа призна дека пред многу години во некого пукал. Меѓутоа, ние знаевме дека тоа не е вистина. Сите знаеја дека го убил бебето и се зборуваа за тоа, кажал еден од соседите.

Полицијата изјавила дека пред да дојде до пуштање на лице кое направило кривично дело, се проценува дали сместувањето во кое таа личност ќе живее после излегувањето од затвор е ризично или.

-Во тек е истрагата, немаме коментар, кратко кажал портпаролот на полицијата.

Извор: kurir.mk

Коментирај