Вишка: „Алмир“ е производ на новата власт, правдата е мртва во Македонија

0
199

Иницијативата „Правда за Алмир“, утринава одржа протест пред Собранието на Република Македонија, пред обраќањето на високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини, пред партениците.

-Правдата во Македонија одамна е мртва. Ние сме тука да и кажеме на Могерини дека тука нема правда, а ако ова е правда на Европа нека си ги земат овдешните судии и политичари, ние не ги сакаме….Со ваква селективна правда ние не одиме никаде. Случајот „Алмир“ е на новата власт, не го наследи, а селективна правда има и за Смилковско езеро. Ние ќе ја истераме правдата, не само за Алмир, туку и за нашите деца, рече актерот Висар Вишка кој присуствуваше на протестот.

Демонстрантите велат дека ги поздравуваат дипломатите од Брисел, Федерика Могерини и Јоханес Хан и сакаат да го искажат својот став – дека правдата во Македонија е мртва.

Иницијативата во неколку наврати потсети дека ќе ја продолжи својата борба за овој, но и сите останати случаи за кои има индиции дека се неправедно пресудени.

Коментирај