Вилма Рускоска ќе го води новото Обвинителство-пишува во новиот предлог закон

0
222

Премиерот Зоран Заев првично ја промовираше Русковска за шеф на новото СЈО, но откако опозицијата го нападна, Заев ретерираше и рече дека изборот ќе го прави Советот на јавни обвинители и таму ќе конкурираат сите што сакаат да застанат на чело на реформираното СЈО. Сепак, во една од преодните и завршни одредби на новиот предлог-закон пишува дека Вилма Русковска ќе го води новото Обвинителство чија мета треба да бидат високите функционери.

Со денот на отпочнување на примената на овој закон, јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува да ја врши својата функција како јавен обвинител на Јавното обвинителство за организиран криминал и висока корупција до завршување на мандатот за кој е избран, пишува во одредбата.

Целиот текст на Независен весник.

Изввор:Република.мк

Коментирај