Виктор Орбан- азил за „жртвите“ на западниот либерализам

0
378

Премиерот на Унгарија, Виткор Орбан, познат со својата непријателска политика кон бегалците од блиско источните земји, нуди азил на граѓаните на западните држави од Европа кои што сакаат да избегаат од либерализмот, политичката коректност и беззаконието во нивната земја, пренесува австрискиот медиум ORF.
„Ќе ги прифатиме вистинските бегалци“, изјави премиерот на Унгарија во годишниот говор до нацијата.
„Сите преплашени Германци, Французи, Италијанци – политичари и новинари, оние кои што се принудени да ги напуштат своите христијански домови, оние кои го загубија својот сопствен дом во Европа, ќе го најдат повторно кај нас“, истакна лидерот на владејачката партија ФИДЕС.

Коментирај