Викенд временска прогноза: Во Македонија доаѓа вистинско лето, но и пресврт во времето

0
703

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен северозападен ветер.

Попладне во крајните западни делови има услови за краткотраен дожд.

Во недела времето ќе биде сончево со мала облачност, попладне на северозапад има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер.

Од понеделник времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен северозападен ветер.

Коментирај