Викаше по судиите, сега мора да плати 500.000 долари

0
490

Комесарот на НБА-лигата, Адам Силвер, му изрече драконска казна на првиот човек на Далас Маверикс, Марк Кјубан, од 500.000 долари поради навреди упатени кон судиите. Воедно, отфрлена беше жалбата што Кјубан ја поднесе за рехуларноста на конечниот исход од мечот меѓу Атланта и Далас поради судиската грешка во самиот фини.

Спорната ситуација се случи на 8,4 секунди до крајот, кога судиите им доделија поени на кошаркарите на Атланта поради задоцнета блокада од страна на Фини-Смит. Со повторување на видео-снимката беше утврдено дека блокадата била благовремена, но судиите одлучија поените на Атланта да останат бидејќи Колинс во продолжение на акцијата ја спушти топката низ обрачот (иако веќе беше прекината играта).

Кјубан бурно реагираше влегувајќи во конфликт со арбитрите веднаш по натпреварот, потоа и преку медиумите се пожали за неправдата, а сега згора на тоа ќе треба да плати половина милион долари.

„Извршните директори на клубовите мора да се однесуваат на повисоко ниво од останатите фанови, во време кога навивачите и медиумите ги критикуваат арбитрите. Сопственикот на клубот се обиде да влијае врз судиите, а по мечот создаде перцепција за нефер-натпревар, со што го доведе во прашање интегритетот на лигата“, се вели во соопштението на НБА.

Коментирај