Видете кој е вашиот ангел-чувар според хороскопскиот знак

0
460

Овен
Ангелот Баракиел се грижи за успехот на Овните. Тој им дава животна енергија, која им помага полесно да се справат со тешкотиите. Привлекува сојузници на нивна страна и го чува нивниот оптимизам.

Бик
Вашиот ангел е Аматиел – заштитник на новите потфати и промени во животот. Тој ќе ви ја исполни душата со надеж и ќе ви помогне да го видите вистинскиот пат и да дознаете што треба да завршите тука и сега.

Близнаци
Близнаците се управувани од Бахри – ангелот на победата. Бахри ќе ви помогне да се справите со препреките и да ги извршите вашите обврски. Со негова помош ќе ги преминете сите предизвици, што ви ги нуди животот.

Рак
Ангелот Дина упорно ги поттикнува раковите кон стекнување на нови знаења. Мудроста ќе дојде не тогаш кога ќе престанете да поставувате прашања туку тогаш, кога ќе почнете да прашувате. Само мудриот е способен да достигне височини во секоја сфера од животот.

Лав
Лавовите се управувани од божествениот ангел Аквариел. Обратете се до него за помош кога се стремите кон духовен развој и длабоко разбирање на околниот свет.

Девица
Кадмиум – ангелот на судбината, секогаш е подготвен да ви помогне да го одберете вистинскиот пат. Обраќајќи се кон него со молитва, внимателно слушајте го она што ќе ви го сугерира вашата интуиција.

Вага
Ангелот Барчиел и дава на вагата внатрешна сила и сочувство, кои се потребни за да им помогне на другите. Ако сакате да го промените животот на оние кои се наоѓаат заедно со вас и ви се многу драги, помолете му се на Барчиел.

Скорпија
Овој знак е управуван од Габриел – еден од најсилните ангели. Габриел помага да се остварат кардинални промени во животот и создава поволни услови за големи потфати. Одредете си ја главната цел, и постојано молете му се на Габриел и наскоро ќе видите како вашите соништа ќе почнат да се исполнуваат.

Стрелец
Сариел е духовното суштество, испратено од Небесниот Отец за да ги насочи и помага на луѓето родени под знакот на Стрелец. Тој ги чува и не им дозволува да прават работи кои ќе ги разочарат.

Јарец
Ангелот Камбиел ги заштитува Јарците во сите нивни нови, необични и егзотични потфати.

Водолија
Ангелот Катетел им помага на Водолиите да се соединат со околниот ги свет, со природата, ги благословува со просветеност и длабоко продирање во суштината на работите.

Риби
Рибите се управувани од ангелот Егалмиел, кој ја дефинира нивната сексуална привлечност. Со негова помош тие се чувствуваат посигурни во силата на својата личност, што ги води до успех во љубовта и во сите нивни активности.

Коментирај