ВИДЕО: Жаре и Марјан во „Еден на еден“ ги имитираат познатите како се „пуштаат“ на девојки

0
117

Во најновата епизода од популарната македонска емисија „Еден на Еден“ водителот Жарко Димитриоски заедно со стенд-ап комичарот Марјан Ѓорѓиевски го глумат начинот на кој познатите се додворуваат на девојки.

На свој оригинален начин тие ги имитираат премиерот Зоран Заев, сегашниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Никола Груевски, „некој“ шарен револуционер вработен во Владата, раперите Панчо и Андреј, претседателот на Собранието, Талат Џафери, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов како и новинарот Васко Ефтов.

Погленете го видеото кое е објавено на Фејсбук профилот на емисијата „Еден на Еден“ со наслов: Св. Валентин 2 или Како се пуштаат познатите!

Коментирај