ВИДЕО: Заев повторно „блесна“ и ја објасни стратегијата против корона – „Танцување“ на англиски е „dance“, а „чекан“ на англиски е „чекич“

0
4622

Во стилот на „Блескаме“, лидерот на СДСМ Зоран Заев во своето вечерашно гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија објасни како македонските здравствени власти, но и ние како држава успешно се справуваме со епидемијата на корона вирусот во Македонија.

При тоа, тој објасни дека во светот постоеле две стратегии: едната била „чекан“ стратегија, кога земјите преземале ригорозни мерки и другата била „танцување“ стратегија, кога земјите се обидувале да се справат со вирусот, ама да не ја уништат економијата.

Заев во своето блескаво гостување во „Само интервју“ ги преведе двата збора на англиски јазик – „Танцување“ на англиски е „dance“, а „чекан“ на англиски е „чекич“

Инаку стратегијата „hammer and dance“ навистина постои и се однесува на избор помеѓу два различни пристапи, а тоа е „удар со чекан“ (како порадикален) и „танцување“ (како поумерен), но очигледно Заев чул, а недочул, односно слушнал, но не разбрал баш најдобро за што се работи, па по којзнае кој пат направи невиден гаф.

Коментирај