ВИДЕО: За Фрчкоски експертите кои го критикуваат Законот за ЈО се „вавилонски дрољи“, „тетки кои зборат глупости“…

0
803

Поранешниот министер за внатрешни и надворешни работи и кандидат за претседател на Македонија од СДСМ, Љубомир Фрчковски упати низа навреди кон експертите и експертките кои се противат и го критикуваат донесувањето на контроверзниот Закон за Јавно обвинителство.

Гостувајќи на ТВ24 Фрчковски меѓу другите навреди кои се постојан декор  во неговите излагања, рече дека законот бил „кланица за експертите” и дека меѓу нив имало „две-три тетки кои постојано збореле глупости”.

Според Фрчкоски причината за критиките на експертите за законот е во очекувањата дека по победата на ВМРО-ДПМНЕ тие би добиле нешто од новата власт.

Најтешката навреда за неговите колеги од академската заедница, од адвокатската фела и невладиниот сектор е неговата квалификација за нив како „вавилонски дрољи“ односно проститутки.

Меѓу експертите кои учествуваа на јавната расправа на покана на Собранието беа Гордана Лажетиќ – Бужаровска, Гордан Калајџиев, Светомир Шкариќ, Гордана Силјановска, Тања Каракамишева, Владо Камбовски, Никола Тупанчевски, сите некогашни колеги на Фрчковски од Правниот факултет “Јустинијан први” и триесетина други професори, пратеници, адвокати и други експерти.

Делот од настапот на Фрчковски каде што тој во досега невиден стил отворено ги навредува правните експерти кои се против донесување на ЗЈО почнува од 25 минута во видеото.

Името на Фрчкоски во последните месеци се споменуваше во контекст на неговата сопруга која е бранител на екс специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која е обвинета во случајот „Рекет“.

Извор: Магазин.мк

Коментирај