(Видео) Вистинскиот Роналдо ги шокираше сите – Кој му бил најдобар соиграч во кариерата?

0
293

Познатиот бразилски фудбалер, Роналдо изненади со изборот за најдобар соиграч во неговата кариера.

Назарио да Лима Роналдо играше за Барселона, Интер, Реал Мадрид, Милан, во тим со великани како Зинедин Зидан, Луис Фиго, Роберто Карлос, Раул, Дејвид Бекам, Кака, Андреа Пирло, Паоло Малдини, Кафу, Христо Стоичков .. .

Сепак, тој го избра Лук Нилис!

Нилис е белгиски фудбалер, кој се прослави во ПСВ Ајндховен каде играше од 1994 до 2000 година. Роналдо беше во тој холандски клуб од 1994 до 1996 година.

“Играв со Нилис две години, не беше подобар од Зидан, но тој имаше неверојатно чувство за игра”, објасни тој. “Едноставно одлично се разбиравме. Тој ми даваше топка, јас давав голови. Ни беше супер”, објаснува 42 годишниот Роналдо.

Коментирај