ВИДЕО: Вежбајте од дома – 10 серии на вежби со фитнес инструкторката Наташа Јовановска

0
391

Време кога сите сме дома поради коронавирусот. Животот целосно ни се промени, секојдневните активности ги сведовме на минимум, лежењето во кревет и почестото јадење ни станува навика.

Со лежењето во кревет и почестото отварање на фрижидерот се таложат и голем број на калории. Теретаните се затворени, а поради дождот и снегот парковите и кејот на Вардар станаа неупотребливи.

Фитнес инструкторката која воедно е и национален таеквондо судија и студентка на постдипломски студии по менаџмент на спорт, Наташа Јовановска, која како и сите нас е оневозможена да оди во теретана, која патем е нејзино работно место, реши да ви помогне околу одржувањето на линијата на телото.

Таа на својот Инстаграм профил на кој е потпишана како „romanoff_dynasty“, во својот дом и со кратки видеа реши да ви даде предози и серии на вежби со кои ќе останете во форма и добра кондиција.

Погледнете ги овие 5 серии на вежби:

Наташа преку својот Инстаграм профил исто така сподели и други 5 видеа со серии на вежби кои можете да ги изведувате додека сте во својот дом:

Коментирај