ВИДЕО: Вестбрук го „запиша“ 26. „трипл-дабл“ сезонава – Оклахома го совлада првакот Кливленд

0
251

Кошаркарите на Оклахома Сити ноќеска постигнаа важна победа откако пред своите навивачи го победија првакот Кливленд.

Најрасположен за игра беше Расел Вестбрук, кој го „запиша“ 26-тиот „трипл-дабл“ сезонава: 29 поени, 12 скока и 11 асистенции. Одлична помош имаше и од соиграчите Виктор Оладипо 23 поени и од Стивен Адамс 20 поени и 13 скокови.

Погледнете ги сите погодоци на фантастичниот Расел Вестбрук:

Доколку сакате да ги видите и останатите кошови и акции, погледнете го видеото со најдобрите моменти од натпреварот помеѓу Оклахома Сити и Кливленд.

Резултати на ноќеска одиграните натпревари:
Оклахома Сити – Кливленд 118:109,
Шарлот – Хјустон 95:107,
Орландо – Филаделфија 111:112,
Далас – Јута 112:105 (продолжение),
Портланд – Бостон 111:120.

Пласман Источна конференција:
Клиивленд 36-16 (победи-порази),
Бостон 34-19,
Вашингтон 31-21,
Торонто 32-22,
Атланта 31-22,
Индијана 29-23,
Чикаго 26-27,
Детроит 25-28,…

Пласман Западна конференција:
Голден Стејт 44-8,
Сан Антонио 40-12,
Хјустон 39-17,
Јута 34-20,
ЛА Клиперс 32-21,
Мемфис 33-22,
Оклахома Сити 31-23,
Денвер 23-29,…

Коментирај