Видео: Вечниот Бог – Македонски поп ѕвезди

1
872

Погледнете го и споделете го видео спот за песната „Вечниот Бог“ во изведба на македонските поп ѕвезди и Златните славејчиња! Бадниковата манифестација „Бадникови поворки“ за која и е наменет спотот, ќе се одржи на 06.01.2018 низ улиците на сите градови во Македонија.

Големо БЛАГОДАРИМЕ за големото срце на Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Влатко Лозановски, Даниел Кајмакоски, Димитар Андоновски, Некст тајм, Златните славејчиња и секако, екипата на Веста продукција која го сними и спакува овој прекрасен Божиќен видео спот. Доживејте вистинска Божиќна радост, која ќе Ве натера да извикате ХРИСТОС СЕ РОДИ! И ајде сите да ја научиме оваа најпопуларна православна Божиќна песна „Вечниот Бог“ и да им се придружиме на Бадниковите поворки во родниот град или на централната манифестација во Скопје, на кои учество ќе земат околу 7000 дечиња кои всушност ќе ја сочинуваат и најголемата коледарска дружина во Македонија, но и во православниот свет воопшто.


ТЕКСТ: Вечниот Бог слезе и во Дева се всели;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;

Царот на сите и Господ, дојде Адам да го преобрази;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;

Мудреци од Исток доаѓаат, дарови да принесат достојни;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;

Да се поклонат на Господа, во пештера родениот;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;

Сите на Христа да Му пееме, Он заради нас се воплоти;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;

О, Дево, Мајко, Владичице, спаси ги христијаните;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;

О, Дево, Мајко, Владичице, спаси ги христијаните;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи.

Извор: Youtube – Badnikovi Povorki

1 Коментар

Коментирај