ВИДЕО: Вакво нешто во фудбалот досега не сте виделе

0
732

Еден натпревар од претпоследното коло од јапонската Џеј лига ќе остане запаметен не по резултатот, туку по една сцена која се случила на почеток од натпреварот.

Имено, на судијата пред почетокот на мечот, топката му ја донесе маскотата Серез кој е мајмун од видот макаки.

На стадионот во Осака, околу 30.00 навивачи имаа можност да ја видат оваа несекојдневна случка.

Иако на многумина оваа глетка им изгледа симпатична, организацијата за заштита на животните (ПЕТА) мисли поинаку и го осуди овој чин.

Јапонците со вакви потези сакаат да го промовираат фудбалот во својата земја.

Коментирај