(Видео) И вакви пациенти има во фудбалот!

0
146

Она што го направи играчот на Орланди Пиратес, Табо Калинга не се гледа секој ден.

Неговата екипа го играше последниот натпревар од првенството против тимот на Полокване и славеше со 3:0, така сезоната ја завршија на втората позиција.

Клаинга доби шанса од клупата за резерви кога неговиот тим имаше сигурна предност, а во продолжението одлучи да направи свое шоу.

Топката беше во негов посед и некој од противничките играчи не се наоѓаше во негова близина, тогаш Калинга без причина започна да ја прескокнува топката додека таа се движеше.

Во продолжение погледнете како изгледаше сето тоа.

Коментирај