(Видео) Со ваков ,,вселенски брод,, славниот голфер дојде на турнир

0
260

Еден од најбогатите спортисти на планетата, Тајгер Вудс ја шокираше јавноста од начинот на кој се појави на меѓународниот турнир.

Општо е познато дека спортистите сакаат на големите натпреварувања да доаѓаат со скапи автомобили или авиони, но Тајгер Вудс отиде еден чекор понатаму.

Овој најпознат голф играч се појави со неговата скапа луксузна јахта на VGA турнирот во Њујорк.

jahta

Вудс, 47 метри долгата јахта која има прекар ,,ПРИВАТНО,, ја купи во 2004 година за 20 милиони долари. Во неа можат да се сместат 21 лице, во пет спални, има четири кабини за девет членови на екипажот. Исто така, има теретана, театарска сцена, како и неколку џет скии, џакузи и ланч-бар.

Како што американските медиуми пишуваат за одржување на оваа јахта, потребно е многу богатство.

За гориво околу 3 милиони долари годишно, плус одржување, плус плата за екипажот…

Тоа го може само Тајгер Вудс!

Коментирај