ВИДЕО: Црвенковски се спротивставуваше и на спогодба со Бугарија – Признајте го македонскиот народ и јазик и немаме проблем

0
795

Поранешниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски се спротивставуваше и на спогодба со Бугарија доколку не се признае македонскиот јазик и македонската нација.

За разлика од него, Зоран Заев сега планира да потпише договор кој има далеку поголемо значење и од спогодбата на која Црвенковски своевремено се спротивставуваше и бараше Бугарија да ни ги признае нацијата и јазикот.

-Неподготвеноста во Бугарија да се признае засебноста на македонскиот народ и засебноста на македонскиот јазик, создава сомнеж. Јас ви тврдам дека ако тоа прашање се реши, а може да го реши само бугарската страна, испочитувајќи го тоа право дека во тој момент, никаква резерва, во моментов и во наредните не знам колку години, децении или векови во односите меѓу двете земји, двата народи повеќе нема да постои, истакна тогаш поранешниот лидер на СДСМ, при посета на Софија.

СДСМ, генерално, во тоа време многу остро ги бранеше националните интереси и беше против спогодбата која има далеку помало значење од договорот што планира да го потпише Заев, кој за време на дводневна посета во Софија договори нешто што многу Влади пред него не договориле, не затоа што е добар преговарач, туку затоа што очигледно со леснотија прифаќа услови и работи кои и одат на штета на Македонија.

Заев мора да го отвори договорот пред јавноста за да се дебатира и народот да знае колкава корист ќе има Бугарија, а колкава штета Македонија.

Спасов за декларацијата со Бугарија во 1999 година: Решението за јазиците според уставите на двете држави е неприфатливо и скандалозно

За СДСМ и Спасов формулацијата „на македонскиот јазик според Уставот на Македонија“ не значело признавање на јазикот, туку ограничување на неговото постоење само во Уставот, пишува порталот Телеграф.

Двојните аршини и ставови на функционерите на СДСМ се нивна одлика и основна карактеристика. Во 1999 година за време на преговорите околу потпишувањето на декларацијата за добрососедство со Бугарија помеѓу Премиерите Љубчо Георгиевски и Иван Костов, Ѓорги Спасов, тогашниот генерален секретар на СДСМ, министер за правда од истата партија и поранешен амбасадор во Софија со дрвја и камења фрлаше по декларацијата, која беше само основа за договорот кој Заев го договори, за сега да не изусти ниту збор за тоа што Заев договарал во Бугарија.

Спасов во 99-та во изјава за „Дневник“ изјави дека најавеното решение за јазикот на кој ќе биде потпишана декларацијата се јазиците кои официјални според уставите на двете држави е неприфатливо и скандалозно. За СДСМ и Спасов формулацијата „на македонскиот јазик според Уставот на Македонија“ не значело признавање на јазикот, туку ограничување на неговото постоење само во Уставот.

Сега Спасов откако Заев е тој што договара и преговара наеднаш замолкна и нема ниту еден аргумент против договорот чија основа ја критикуваше од дното на душата. Сега Спасов за договорот со Бугарија, во изјава за порталот „Фактор“ рече:

„Тоа е и доказ дека Македонија е способна да води надворешна политика свртена кон иднината, а не да остане на ниво од националистичката митолгизација на минатото, која земјата ја држеше во постојани кавги со соседите и во политичка па и економска изолација.

За Бугарија тоа е можност да демонстрира не само европско однесување на Балканот туку да покаже и лидерство во предводењето на земјите од Западниот Балкан кон интеграциите во ЕУ. Во двете земји потпишувањето на Договорот ќе биде пораз за националистичките сили во нив, а не муниција за напад како што некои од нив се надеваат “, смета Спасов.

СДСМ и Спасов тогаш беа загрижени и за нејасното дефинирање за грижата за македонското национално малцинство, според Спасов тогаш откажувањето од македонското национално малцинство претставува противуставен чин, кој може да има сериозни последици за државата.

Според Спасов Уставот на државата е дециден и ја обврзувал државата на заштита на националниот малцинство во другите земји, а никој особено Премиерот не смее да ја прекрши таа одредба. Според него тогаш тоа ќе било преседан зошто и другите соседи во догледно време можеле од нас да побараат да се откажеме од нашите малцинства во регионот.

„Незадоволни ќе има од двете страни. Но тоа е суштината на компромисот. Исчекор со кој двете страни добиваат по нешто и остануваат незадоволни со нешто. Македонија со Договорот ја манифестира својата самодоверба. Ја напушта политиката на уплашеност од негирање и исчекорува храбро во насока на градење односи со соседите и пријателство кое треба да биде основа за наше целосно интегрирање со нив во ЕУ врз основа на почитување на европското право и европските вредности.

Тоа беше можно да се случи со промената на власта во Македонија во време кога во Бугарија е на власт десницата на чело со Бојко Борисов. Бугарската десница од времето на Жељу Желев, преку Иван Костов до Бојко Борисов, имала секогаш по фер однос од БСП, кон Македонија и секогаш, кога таа била на власт, биле унапредувани односите. За разлика од БСП која, за жал останува на политиката на Тодор Живков, од страв да не биде обвинета за некакво национално предавство во односите со Македонија, ГЕРБ нема такви стравувања и го прави компромисот можен.

Во Македонија до промената на власта, Груевски лично го блокираше подобрувањето на односите со Бугарија со својот „квазипатриотизам„ и со работење во интерес на некакви нејасни српско-руски интереси на Балканот, кои отворено се противат на членството на Македонија во НАТО“, коментира Спасов за денес Фактор.

Во 99-та Спасов велеше дека треба да се види што има во договорот, за случајно тој да не претставува национално предавство.  А сега кога слушаме гласови од Софија дека договорот ќе значи крај за македонизмот, дека македонскиот јазик е бугарски дијалект и други слични антимакедонски тези нема никаква реакција од Спасов и сето тоа му личи европски и модерно.

За Заев го нема да изусти ни збор, додека потпишувањето на декларацијата за добрососедство со Бугарија од друга влада беше велепредавство за Ѓорги Спасов од СДСМ

Двојните стандарди се одлика на СДСМ, во 1999 година за време на преговорите околу потпишувањето на декларацијата за добрососедство со Бугарија помеѓу Премиерите на двете земји, Љубчо Георгиевски и Иван Костов, Ѓорги Спасов, генерален секретар на СДСМ, поранешен министер за правда и амбасадор на Р.М. во Софија гласно го критикуваше договорот, врз чија основа сега како што велат од СДСМ треба да почива договорот што ќе го потпише Заев.

Спасов тогаш во изјава за „Дневник“ рекол дека најавеното решение дека јазикот на кој ќе биде потпишана декларацијата се јазиците кои официјални според уставите на двете држави е неприфатливо и скандалозно. За СДСМ и Спасов формулацијата „на македонскиот јазик според Уставот на Македонија“ не значело признавање на јазикот, туку ограничување на неговото постоење само во Уставот.

СДСМ и Спасов тогаш беа загрижени и за нејасното дефинирање за грижата за македонското национално малцинство, според Спасов тогаш откажувањето од македонското национално малцинство претставува противуставен чин, кој може да има сериозни последици за државата. Според Спасов Уставот на државата е дециден и ја обврзувал државата на заштита на националниот малцинство во другите земји, а никој особено Премиерот не смее да ја прекрши таа одредба. Според него тогаш тоа ќе било преседан зошто и другите соседи во догледно време можеле од нас да побараат да се откажеме од нашите малцинства во регионот.

Сега го гледаме Заев во Софија, кој за време на дводневна посета во Софија договори нешто што многу Влади пред него не договориле, не затоа што е добар преговарач, туку затоа што очигледно со леснотија прифаќа услови и работи кои и одат на штета на Република Македонија. Заев од Софија изјави и дека ќе се менуваат одредени делови од учебниците по историја, без да одговори кој ќе одлучува што и како да се менува во истите.

Додека Заев се смешкаше пред камерите во Бугарија и се поклонуваше пред споменикот на „Самуил-Цар на Бугарија“ , бугарскиот националист Божидар Димитров, директор на Националниот историски музеј во Софија, рече дека македонскиот јазик всушност е дијалект на бугарскиот и дека Македонија и Бугарија пред 1944 година имаат заедничка историја.

На ваквите изјави на Димитров не реагираше Заев кој според Устав и закон е должен да  ги брани интересите на државата, ниту пак реагираше Спасов кој очигледно не бираше зборови во нападите кон Владата на Георгиевски 99-та.

Во друг текст на „Дневник“ од 99-та година, спасов вели дека е фрапантно што не се знае врз основа на што се потпишани тие договори, а треба да се види дали претставува тоа национално предавство. За сега да ја имаме сосема спротивната ситуација. Заев и делагацијата која беше во Софија, ни збор не кажуваат што и како договориле во Софија, за договорот чие потпишување го најавија за неполни 40-тина дена, на 2 август на ден Илинден, а Спасов и сличните на него кои тогаш беа жестоки поборници против потпишувањето на декларацијата, која е само основа како што велат за договорот на Заев ги нема никаде.

Денес Љубчо Георгиевски, човекот кој беше на мета на СДСМ  за продавање на националните интереси во Софија е во коалиција со СДСМ на Зоран Заев, која целосно нетранспарентно и зад зартворени врати создава обврски за Република Македонија, без да ги запознае граѓните што тоа договара. Зоран Заев во секоја своја изјава ги брои гласовите на Георгиевски во гласовите кои глаале против ВМРО-ДПМНЕ, односно кои биле со СДСМ, меѓутоа Спасов и останатите од СДСМ кои беа на линија на бранење на македонските национални интереси во времето на Георгиевски ги нема да изустат збор против дејствијата на Заев, кои на  далеку ги надминуваат дејствијата на сегашниот нивен партнер Георгиевски.

Коментирај