ВИДЕО: Цел свет му се смее на Бојко Борисов – наместо на уста, заштитната маска против корона ја стави преку очи

0
2610

Коронавирусот е главна тема во изминатиот период, а превенцијата на истиот е веројатно единственото нешто со кое во моментов може да се заштитиме.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов при посета на текстилна фабрика имаше неуспешен обид за поставување на заштитна маска – наместо на устата тој ја стави маската преку очите и праша дали се проблем неговите уши?

На Фејсбук кружи уште една шега поврзана со овој настан. На првата фотографија Борисов ја има поставено маската само врз устата без да го покрие носот, а по „препорака“ на поупатено лице дека треба да му биде прекриен и носот го прави овој кикс со поставување на заштитната маска над носот и очите.

Инаку, Борисов претходно нагласи дека Бугарија ќе се избори со последиците од епидемијата.

– Што се не преживеавме, ќе го преживееме и ова. Паника, хистерија, купување продукти… Храна има. Во Бугарија и во Европа има храна – конзервирани производи, леб, брашно, резервите се огромни – изјави тој.

Во Бугарија во моментот се забележани шест случаи на зараза: два во Софија, два во Плевен и два во Габрово. Пациентката во Софија е во критична состојба, додека состојбата на нејзиниот сопруг се влошува.

Коментирај