ВИДЕО: Трето по ред НБА финале за Голден Стејт

0
607

Екипата на Голден Стејт трета сезона во низа ќе игра во големото финалето на НБА лигата. „Воините“ ноќеска во натпреварот број 4 од финалето на Западната конференција го совладаа Сан Антонио на негов терен со 129:115 и со максимални 4-0 го елиминираа ривалот.

Стеф Кари со 36 и Кевин Дурант со 29 поени беа предводници во триумфот на Голден Стејт.

Најефикасен во поразениот тим беше Кајл Андресон со 20 поени.

Голден Стејт до финалето стигна со скор од 12-0 во победи во плеј офот. Во претходните фази со по 4-0 ги елиминира Јута и Портланд.

Погледнете го видеото со најдобрите моменти и поени од натпреварот:

Вечерва се игра натпреварот број 4 од финалето на Исток. Кливленд е домаќин против Бостон и води со 2-1 во победи.

Коментирај