ВИДЕО: Тепачка и чадни бомби во албанското собрание – полицијата спречи упад во законодавниот дом

0
315

На пленарната седница на Парламентот во Тирана, на која се гласаше за назначување на Привремен јавен обвинител, се создаде тензична атмосфера меѓу претставниците на власта и на опозицијата, која заврши со физичка пресметка и со фрлање на неколку чадни бомби.

Гласањето по точката беше спорно за опозицијата која тврдеше дека таквиот чекор е противуставен, но сепак, власта ја изгласа Арта Марку за Привремен јавен обвинител.

Надвор пред законодавниот дом дојде до судир на полицијата со учесниците на протестот кои имаа намера да влезат во Собранието. Албанската телевизија „Њуз 24“ инфомира дека полицијата употребува и солзавец додека, пак, во судирот има повредени полицајци и цивили.

Albanija-protesti

Телевизијата објави дека над зградата на Собранитето има и снајперисти. Покрај лидерот на Демократската опозициона партија Лулзим Баша кој изјави дека ова е срам за Албанија, на протестот се придружи и втората по големина партија која е во опозиција, Социјалистичко движење, која ја предводи сопругатата на претседателот на државата Илир Мета, Моника Криемади.

Во Собранието седницата е прекината по обезбедувањето ги има зарделено пратениците на опозицијата и власта.

Коментирај