Видео: Свири на гитара додека го оперираат од тумор на мозокот

0
275

Јужноафриканскиот џез музичар Муса Манцини веројатно го имаше „настапот на својот живот“ кој никогаш нема да го заборави.

Манцини беше снимен како свири на гитара за време на шестчасовната операција на тумор на мозокот на која беше подложен тој. Тој лежи на операционата маса и свири на гитара додека оперативниот лекарски тим го оперира неговиот мозок.

Неговото свирење им овозможило на докторите во болницата во Дурбан да следат кој дел од мозокот Манцини го користи за координација при свирење , за да може да го вратат во функција за да може да почнат да му се движат прстите со нарушена моторика поради туморот.

Извор: taratur.mk

Коментирај