ВИДЕО: Судија отиде да проверува ВАР, на екран му пуштија снимка од паркинг!

0
221

На фудбалскиот натпревар меѓу Макаби Хаифа и Беитар во Израел беше видена една неверојатна и несекојдневна сцена.

Имено, судијата мораше да оди да проверува на ВАР дали да досуди пенал, но кога отиде до мониторот, се појавила снимка од паркингот на стадионот.

И гледачите пред малите екрани видоа дека судијата наместо на теренот, гледаше снимка од паркинг, но за среќа набрзо се врати вистинската снимка па можеше да донесе правилна одлука.

Макаби водеше со 2:1 во судиското продолжение, па конечната одлука немаше влијание на победникот.

Извор: Спортски.мк

Коментирај