(Видео) Стравична повреда на овој млад фудбалер по овој старт, по што заврши во болница!

0
238

Фудбалерите на Србија со пораз го стартуваа ЕП за млади во Италија и Сан Марино.

Орлите беа поразени со 2:0, а натпреварот беше одбележан со страшната повреда на австрискиот фудбалер Волф, кој, како што стојат работите, Јовановиќ му ја скрши ногата при овој старт.

Сè се случи во 75-тата минута од натпреварот и во прво време не изгледаше ништо сериозно, но кога ќе ја видите снимката, ќе видите колку е страшно.

Судијата го погледна видеото со бавно движење со помош на ВАР и потоа одлучи да го исклучи српскиот стопер давајќи му директен црвен картон.

Волф со носилка веднаш беше изнесен од теренот и заврши во болница каде го чека операција.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Видеото е вознемирувачко!

Коментирај