ВИДЕО: Според Ременски, Русковска не само што седела со Боки, туку пеела и караоке на неговата журка

0
512

Поранешната потпретседателка и пратеничка од СДСМ, сега обвинета во случајот „Меѓународен сојуз“, Фросина Ременски во своето гостување во „Алфа“ телевизија открива детали и интриги за односот кој Вилма Русковска го имала осудениот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски.

Според нејзините тврдења за време на прославата на 1 ТВ, Русковска влегла во елемент и пеела караоке со Боки 13, нешто за што можат да посведочат повеќе присутни на забавата.

Јас лично Боки го запознав кога првпат отидов да гостувам на таа телевизија, а во ресторан сум била со него само кога беше прославата на 1ТВ и толку беше од нашите седења и дружења по ресторани, рече Рускоска по првото рочиште на „Рекет“ во декември, но Ременски потврдува дека тоа не било само седење во ресторан.

Денеска на „Јутјуб“, пак, излезе и видеоснимка со наслов „Боки 13 со другарките“ на која се гледа како во домот на Боки, тој седи заедно со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева.

ВИДЕО: Шекеринска седи со Боки 13 и Катица, а тврди дека ги знае само од телевизија

Коментирај