ВИДЕО: Советникот на Заев, Бојан Маричиќ се обиде да лаже на „Ал Џазеира“ – Водителката го замоли да не манипулира!

0
6321

Специјалниот советник на премиерот Зоран Заев, Бојан Маричиќ се посрамоти на светската телевизиска мрежа „Ал Џазеира“.

Маричиќ се обиде да ги убеди гледачите дека оние кои излегле на референдумот одржан минатата недела, односно 36 отсто од потребни 50 проценти+1 гласале „За“ договорот.

На ова, вчудоневидена од манипулативниот одговор реагираше и водителката на „Ал Џазеира“ која го замоли Маричиќ да не се обидува да манипулира со фактите, и впрочем дека само 36% излегле на референдумот, додека огромното мнозинство во потполност ги изигнорирало повиците на СДСМ. Ова, според водителката е повеќе од јасен одговор дека граѓаните не сакаат да го прифатат договорот со Грција, а секој обид да се претстави поинаку би бил лага.

Коментирај