ВИДЕО: Слушнете ја аудио бомбата на која Заев договара пари за телевизијата на Боки 13

0
2914

Антонио Милошоски на собраниската Комисија за европски прашања  презентираше аудио снимка на која по се изгледа може да се препознае гласот на екс-премиерот Зоран Заев.

Слушнете ја аудио-бомбата која свиркач му ја доставил на пратеникот Милошоски:

Зоран Заев: Му требаат пари за тоа телевизијата и само прави некои комбинации.

Зоран Заев: Го прашав „Боки бе од каде бе тие парите за телевизијата“? Ми вика: „Имав еден фраер од Хрватска и од Циле, (Силјан Мицевски) што му легнаа пари тогаш за тоа старечките домови“.

Зоран Заев: Ние на неколку пати така му помогнавме во телевизијата, главно за маркетинг, тоа беше уште порадно лани октомври-ноември 2018-та година.

“Почитуван пратеник А. Милошоски
Како граѓанин на оваа земја, непосреден сведок на селективноста и незаконитоста присутни во работата на јавното обвинителство, ви доставувам аудио материјал кој е од висок јавен интерес, односно содржи сериозни индиции за криминал и корупција на избрани и именувани функционери.

Се повикувам на Законот за заштита на укажувачите (свиркачи) од 2016 година и на јавниот интерес за ефикасна борба против организираниот криминал и високата корупција и апелирам до вас како пратеник, како ваша должност пред граѓаните, да го споделите овој аудио материјал и транскрипт со колегите пратеници и медиумите како заштитници на јавниот интерес.”

Милошоски објави aудиo бомба за Заев: Му помагавме на Боки 13 за телевизијата, плус земаше пари од Мицевски

Амнестија за Заев, Катица и Боки 13 – Доживотен мандат за Русковска и Јовевски со новиот Закон за ЈО

Коментирај