Аргентинскиот тенисер Марко Трунгелити веќе 4 години ги известува надлежните органи за наместени тениски натпревари и се појавува како сведок во судењата.
Марко, кој моментално е на 131 место на листата на АТП, дава информации за наместени натпревари на фјучрс турнирите.
Поради ова, тој доживеа многу непријатности од колегите, и тренерите.
“Ме навредуваа сите. Никој не сака да се поздрави со мене, па дури ни во очи да ме погледне, дури и оние за кого мислев дека ми се пријатели “, вели Марко Трунгелити.
Аргентинецот објаснува дека тренерите се вклучени во нечесните дејства, што не е изненадувачки, бидејќи, како што вели, може да се заработи и 100.000 долари за еден час.
Сепак, боли фактот што иако работи во служба на правдата, тој не добил никаква заштита.
“Ме користеа и фрлаа на ајкулите. Плаќам скапа цена, но нема да се повлечам, бидејќи има се повеќе и повеќе наместени натпревари”, заклучи Марко Трунгелити.