ВИДЕО: Ширум Повардарската епархија со света вода беа попрскани улиците, беше прочитана молитва и беше побарано благослов од Бога

0
188

Денес Повардарската епархија со нејзините свештеници, а на чело со Неговото Високопреосвештеснство Митрополит повардарски г. Агатангел изврши литија по улиците на Велес за мир и спас на граѓаните од ова зло што надвисна над светот и нашата Македонија. Со верба во Бог ќе не биде!

„Следејќи ја традицијата на Светата Православна Црква, кога за време на војни, суша, земјотреси, епидемии и други несреќи, во минатото биле спроведувани литии со икони, крстови, света вода и свети мошти, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, денес, во сите градови и населени места од Повардарската епархија со света вода беа попрскани улиците, беше прочитана молитва и беше побарано благослов од Бога за престанок на глобалната пандемија и на погубната зараза. Следејќи ги препораките од државните органи, за да не се собира голем број на народ, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, благослови овој чин свештенството да го отслужи во движење, со помош на возила, што е редовна пракса при вакви вонредни состојби и во други држави и помесни Православни цркви.

Бог да ја благослови нашата татковина Македонија и нека ги штити од разни болести и зарази сите оние кои живеат во неа“, стои во Фејсбук објавата на Повардарската епархија на МПЦ-ОА

Во продолжение следуваат три фотографии од принесување на молитви кон Господ Бог за заштита на народот од заразни болести во градовите Гевгелија, Кавадарци и Велес.

Принесување на молитви кон Господ Бог за заштита на народот од заразни болести, Гевгелија
Принесување молитви кон Господ Бог за заштита на народот од заразни болести, Кавадарци
Принесување молитви кон Господ Бог за заштита во услови на пандемија во Велес

Исто така, Фејсбук страната на Повардарската епархија е објавено и видео од денешната литургија низ Велес:

Стариот Сандре Чипанов, долгогодишен клисар на црквата на Свети Климент во Охрид, ја раскажува следнава случка.

Во 1910 година беснееше колера во Охрид. Градот секој ден се полнеше со мртовци. Лек немаше. Народот почна да се преселува и да бега во околните села. Манастирот Свети Наум беше полн со избегани охриѓани.

Тогаш, вели Сандре, му предложив на поп Ѓорѓи и на уште еден поп кој беше при црквата Свети Климент, да ги земеме моштите на Светиот отец наш Климент и да поминеме низ градот во литија. Свештениците се согласија и веднаш тргнавме, само ние, неколку души. Попат почна да ни се придружува народот. Го поминавме варошот, па потоа [врвевме] низ чаршијата. Турците не ни сметаа, зашто и тие се луѓе, наши браќа од човештвото, кои се пред Бога исти и делиме исти проблеми, и среќата и несреќата исто ја доживуваме, а сега сите паѓааме од колерата како муви. И така, до вечерта се вративме со моштите во црквата Свети Климент. Другиот ден никој повеќе не се разболе од колера. Оваа грозна болест веднаш се пресече. Носењето на светињите во литија многу помага, вели стариот Сандре.

Тој исто така потсетува на случајот во Цариград. Еднаш и во Цариград завладеала колера и многу народ покосила. Тогаш Патријархот пошол кај султанот и замолил за одобрение, да се пренесе низ градот Појасот на Пресвета Богородица, кој тогаш се чувал во црквата Влахерна. Султанот дозволил и литија со Појасот и со Патријархот, свештенството, со крстови и рипиди, прошла низ Цариград. И колерата веднаш престанала.

* Сведоштво запишано од Владиката Николај Битолско-охридски, во неговата Книга Емануил, глава II: О чудесним исцелењима, 15-то чудо: Повест о колери у Охриду 1910. године. Извор: Бигорски.орг

Коментирај