ВИДЕО: Шекеринска седи со Боки 13 и Катица, а тврди дека ги знае само од телевизија

0
315

На социјалните мрежи се појави видео кое јасно покажува дека вицепремиерката Радмила Шекеринска многу добро се познавала и имала блиски односи со осудените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева.

На снимката со наслов „Боки 13 со другарките“, се гледа како Шекеринска, во опуштена атмосфера седи во друштво на Боки 13 и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева.

Видеото не содржи аудио запис, а најверојатно станува збор за домот на Бојан Јовановски, каде што тие тројца ја следат програмата на телевизијата на Боки-13.

Со оваа снимка се потврдува тоа што го сведочеше порано вработена во домот на Боки 13, Драгана Колевска, која на едно од рочиштата за случајот „Рекет“ изјави дека кај Јовановски дома на гости доаѓале Радмила Шекеринска и Катица Јанева.

Кај Бојан Јовановски имаше реновинарање, промена на ентериерот на дневната соба, а дали е купувано, не знам немам видено фактури. Тој купи телевизор по реновирањето. Сликите ги донесоа двајца од галерија, ги оставија. Во домот на Јовановски доаѓаа познати личности, политичари. Еднаш дојде Шекеринска, Катица, еднаш има дојдено Стефан Богоев, Кирацовски, Лила Филиповска, Анета Кочишки, Орце Камчев, Зоран Милевски изјави Колевска на едно од рочиштата за случајот „Рекет“.

За случајот „Рекет“ судот ги прогласи за виновни Боки 13 и Јанева. Бојан Јовановски доби казна од девет години, а поранешната шефица на СЈО беше осудена на седум години затвор.

Коментирај