ВИДЕО: Серија земјотреси во Дојранско, се стресоа и Гевгелија, Валандово и Струмица

0
418

По синоќешните неколкуте помали земјотреси рано утрово во 5:24 часот нов земјотрес со сила од 5,2 степени по Рихтер ги разбуди жителите на Струмица, Гевгелија и Дојран.

Епицентарот на потресот е во Грција на длабочина на 2 километри од земјиното тло, на само 9 километри источно од Стар Дојран.

Струмичани видно вознемирени и  денеска велат дека не само што го почувствувале туку се плашат да не следуваат и нови.

Атинската сеизмичка лабораторија ноќеска регистрирала вкупно девет потреси во период изминативе шест часови, од 23:13 до 5:24 сите на североисточниот дел од Грција во близина на македонско-грчката граница.

Земјотресот рано утрово не само во југоисточна Македонија почувствуван и од населението во соседните Грција и Бугарија.

Извор: Канал 5

Коментирај