ВИДЕО: Семакедонски собор во чест на Јане Сандански во Мелник – Македонците пак им удираат гласна шлаканица на сите свои негатори

0
1558

Во Пиринска Македонија демантиран “добрососедскиот договор” со Бугарија!
СЕМАКЕДОНСКИ СОБОР ВО ЧЕСТ НА ЈАНЕ САНДАНСКИ ВО МЕЛНИК

На 21 април 2019 година во град Мелник се проведе традиционалниот свечен семакедонски собор посветен на 104 годишнината од убиството на „Царот на Пиринот“, легендарниот македонски војвода Јане Сандански. Соборот се организира од следните македонски организации в Бугарија: партијата ОМО „Илинден“-ПИРИН, весник „Народна волја“, Друштвото на репресираните Македонци во Бугарија жртви на комунистичкиот терор, билтен „Македонски глас“, Македонски клуб за етничка толерантност, Правозаштитен комитет толерантност и други, а основни коорганизатори од дијаспората се јавуваат Македонското меѓународно движење за правата на човекот од Канада и Австралиско-македонскиот комитет по правата на човека.

FB_IMG_1555922675220

Дојдоа луѓе од цела Пиринска Македонија, од Бугарија и наспроти изборите во Р.Македонија дојдоа гости од Прилеп, Штип, Радовиш и др. Поздравни телеграми до соборот испратија „Виножито“, Македонската алијанса за европска интеграција (Албанија), Здруженијата на македонците од егејскиот дел на Македонија, Светскиот македонски конгрес, и др.

Соборот беше отворен со рецитал од Бојан Бибишков и со изведување химната на ОМО „Илинден“ – ПИРИН „Народе македонски“. Говор за животот, делото и заветите на Јане Сандански одржа Димитар Иванов од Централниот совет на ОМО „Илинден“-ПИРИН, кој изјави дека со своето собирање во чест на Јане Македонците денес пак им удираат гласна шлаканица на сите свои негатори.

FB_IMG_1555922682441

Со поставување венци и цвеќиња пред споменикот на Јане Сандански во Мелник, едноминутен молк и паѓање на колена беше почетен споменот на војводата. Подоцна специјална делегација од раководството на ОМО „Илинден“-ПИРИН поднесе венец и на гробот на војводата кај Роженскиот манастир.

За гостите пееше народната певица Марија Димкова од Штип, мешана фолклорна група „Пирински глас“ од Разлог и оркестар „Македонија“ од село Мусомишта Гоцеделчевско со раководител Георги Попов. Орото го поведе со бајракот со шеснаесет кракото сонце првиот претседател на ОМО „Илинден“ Стојан Георгиев, страдалец за македонските правдини, кој 8 години од својот живот ги поминал низ бугарските затвори. На ливадите крај споменикот на Сандански ората се виеја со часови.

Погледнете го видеото објавено ба Фејсбук страницата Млади за Македонија:

Коментирај