ВИДЕО: „Се заљубив“ – новата песна на Шакира посветена на Пике

0
564

Голгетерот на Барселона Џерард Пике и познатата поп-пејачка Шакира се заедно веќе шест години и имаат два сина, а нивната романса започнала пред почетокот на Светското фудбалско првенство во Јужна Африка.

-Ја запознав Шакира во Мадрид додека ние се подготвувавме за Светското првенство и потоа за време на снимањето на видеото за химната на Мундијалот. Пред да заминеме за ЈАР на првенството и пишав неколку смотани пораки и ја прашав ’како е времето таму’ што е типично прашање за додворување. Очеквуав да ми врати со ’понеси јакна’, но таа започна детално да ми го опишува времето. Тогаш и пишав дека за да ја видам пак ќе мора да стигнеме во финалето бидејќи таа ја пееше химната на финалето – откри шпанскиот репрезентативец.

Шпанија стигна до финалето и ја освои светската титула, а Пике ја освои Шакира.

Деновиве убавата пејчка ја објави својата нова песна „Me enamore“ (Се заљубив) која му е посветена токму на Пике, односно на нивната љубов. Дали станува збор за летен хит, проценете сами…

Коментирај