(Видео) Се тресе НБА лигата – Леброн заминува од Лејкерс и преминува во…

0
234

Американските медиуми шпекулираат дека најдобриот кошаркар на светот, Леброн Џејмс, може да заигра за Денвер Нагетс следната година!

По разочарувачката сезона во Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс најверојатно ќе го напушти клубот од ЛА. Клубот се надеваше дека кралот ќе им помогне да станат моќни како и порано, но не успеаја да играат во плејофот. Тие имаа само две победи повеќе од минатата сезона.

Новинарот на ESPN, Стивен Смит, вели дека луѓе блиски до Џени Буш, претседателката на Лејкерс сака да го трејдува Леброн, за да добие што повеќе пари.

Новинарот Брендон Робинсон отиде уште еден чекор понатаму. Тој открива на Твитер и кој клуб сака да го доведе до своите редови. Очигледно еден генерален менаџер му рекол дека Денвер е подготвен да го ангажира Леброн.

Ова не е првпат Леброн да стапи во контакт со тим од Колорадо. Неколку пати лидерите на Нагетс се обидоа да го ангажираат најдобриот играч на денешницата, но не успеаја. Сепак, околностите се променија. Нагетс во моментов се еден од најдобрите тимови во лигата, имаат големи шанси да се најдат во финалето на Западот. Растат од сезона во сезона …

Се разбира, останува да видиме што сакаат да направат за да го добијат Леброн. Ако успеат во таа намера, со Никола Јокиќ, Џемал Мареј и другите, Денвер ќе стане голем фаворит за титулата во НБА лигата.

Коментирај