(Видео) Се сеќавате на Сараево 1984? – Вучко со гласот на Чолиќ ја освои планетата, а Кирк Даглас потроши 100.000 долари

0
295

Се сеќавате ли на Зимските олимписки игри во Сараево 1984 година? На олимпискиот стадион во Кошево, хрватската лизгачка Санда Дубравчиќ го запали олимписки пламен и тогаш Југославија беше центарот на светот, а поминаа 35 години!

Отворањето на 14-те Зимски олимписки игри беше проследено од околу 60.000 луѓе на стадионот Кошево и околу две и пол милијарди луѓе преку телевизискиот екран.

saraevo1

Спортисти дојдоа од целиот свет, 49 национални тимови со над 2.500 спортисти и нивните придружници. Сараево беше центар на светот на овие историски 12 денови на слава и гордост.

Словенечкиот алпски скијач Јуре Франко го освои сребрениот медал во велеслалом на воодушевување на домашните навивачи. Тоа беше првиот медал на Југославија во ЗОИ.

Потоа дојдоа познатите пароли: “Го сакаме Јурек, повеќе од бурек”. Маскотата на Олимписките игри во 1984 година беше незаборавниот Вучко.

Гласот на овој прекрасен волк беше позајмен од најголемата ѕвезда на поранешна Југославија – Здравко Чолиќ.

– “Ова е едно од најубавите спомени. Кога почна сè, ме повика композиторот Никола Боро и рече дека некој треба да го позајми гласот на Вучко, додека скија на планините”, се присети Коловиќ во интервјуто.

Вучко беше исклучително популарен. Со години по Игрите, луѓето во Сараево одеа во шаловите на Вучко. Се купуваше речиси сè што има врска со маскотата.

Најголемите ѕвезди на Сараевските игри беа учесници во уметничко лизгање. Најсилниот впечаток го оставија британскиот пар Џејн Торвил и Кристофер Дин, кој освои златен медал.

Злато освои и Катарина Вит, лизгачка од Источна Германија, која го направи овој настан еден од најголемите спортски икони кон крајот на 20 век.

Големи светски ликови беа во Сараево. Дури и денес, се раскажуваат анегдоти поврзани со прославениот холивудски актер Кирк Даглас, кој тогаш уживал во Југославија.

Кирк, наводно, потрошил 100.000 долари во казино во Сараево за само една ноќ. Келнерите го обожуваа, сите ги частеше од срце, а особено го сакаа во Башчаршија, каде не се штедел воопшто …

Коментирај