(Видео) Се расплаче како дете – Солзите на Мурињо го обиколија светот!

0
301

Трофејниот португалски фудбалски стручњак Жозе Мурињо се распадна како мало дете пред камерите.

Познатиот Португалец во моментов е ангажиран како аналитичар на британската телевизија Скај за натпреварите во Премиер лигата, но работата на теренот и со играчите многу му недостига.

Тој призна дека тоа е проблем што многу го вознемирува.

„Од првиот момент кога започнав професионално да играм фудбал, почувствував клик“, рече Мурињо, додавајќи.

„Оттогаш работите станаа сериозни. Досега исто така беше сериозно. Континуирано. Сега, кога престанав, наместо да уживам во тоа, не можам да уживам во тоа, затоа што ми недостасува“, рече Португалецот.

„Јас во моментов учам германски јазик. Јас зборувам англиски, шпански, француски, португалски и италијански. Јас не исклучувам ништо, дури ни германски“, рече претходно.

Мурињо ја чека вистинската можност да ја продолжи тренерската кариера, а со голем успех ги водеше Порто, Интер, Челзи, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, па материјал за CV не му недостасува.

Коментирај