ВИДЕО: Се огласи девојката која го задоволуваше кошаркарот на Денвер

0
1036

Во овие денови Џамал Мареј и неговата девојка беа дел од таблоидите поради објавеното видео на кошаркарот на Денвер.

Пред неколку дена на стори на Мареј се појави видео на кое може да се види како неговата девојка, Хареп Хемпел орално го задоволува. Кошаркарот брзо го избриша видеото, а во јавноста се правдаше дека профилот му бил хакиран, но залудно бидејќи некој веќе го снимил во својот мобилен. Сега се огласи неговата девојка.

„Прво и најважно, сакам да кажам дека сите правиме грешки, но сметам дека треба ова да се реши. За жал видеото од мене беше случајно поставено на профилот на Џамал. Сакам да го искористам овој момент да им се извинам на сите обожаватели, деца и општата јавност кои можеби го виделе. Ова е НАША лична работа и ширењето на видеото треба да запре. Благодарна сум на оние ме разбравте“, напиша Хемпел.

Ова е „сторито“ што Мареј по грешка го објави на Инстаграм:

ФОТО: Ѕвездата на Денвер објави снимка на Инстаграм како девојката го задоволува

Коментирај