ВИДЕО: Русинка со автомобил удри во количка со бебе и татко на пешачки премин во Будва- буквално преминала преку нив

0
264

Едногодишно дете, хрватски државјанин, повредено е на 2. август во Будва, кога автомобил удрил во количка во која се возело детето.

Човек, туркајќи количка со бебе, преминувал улица на пешачки премин недалеку од кружниот тек, кога го удрил автомобил зад чиј волан била руска државјанка.

Русинката со автомобилот ја прегазила количката и преминала преку нозете на шокираниот татко и дури тогаш го запрела возилото.

Полицијата во Будва поднела кривична пријава против Русинката, а бебето се здобило со лесни телесни повреди и било пуштено од болница.

Извор:курир.мк

Коментирај