(Видео) Роналдо го повика Меси на вечера – Лутите ривали сега се пријатели?

0
179

Одамна Кристијано Роналдо и Лионел Меси не биле заедно, а потоа се сретнаа во Монте Карло за ждрепката во Лигата на шампионите.

Двајцата најдобри фудбалери на денешницата и големи ривали на теренот седеа рамо до рамо и, се чинеше дека уживаа во своето време заедно.

Уште откако Роналдо го напушти Мадрид и се пресели во Јувентус, тие веќе не се среќаваат толку често како порано.

„Имаме добра врска, иако никогаш не отидовме на вечера заедно, но се надевам дека ќе успееме“, коментираше Роналдо, додавајќи:

„Ми недостасува фудбалот во Шпанија. Долго време се боревме и туркавме еден со друг“.

Коментирај