ВИДЕО: Реисот на ИВЗ го честиташе Рамазан со мапа на Голема Албанија

0
1023

Поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи со мапа на Голема Албанија вчера го честиташе големиот муслимански празник Рамазан кој започнува денес.

На видеото и фотографијата од честитката од негова десна страна најверојатно за да се види во кадарот е поставена плакета со мапа на Голема Албанија.

Зошто верски лидер би поставил мапа на етнички граници на една нација во која има и католици и православни засега нема објаснување од ИВЗ. Споредете ја сами мапата што стои во кабинетот на Реисот и мапата на Голема Албанија што ја објавуваат странските медиуми.

Коментирај