(Видео) Реал го претстави новото засилување од Бразил, а тој колабираше на пресот!

0
139

Репрезентативецот на Бразил, Едер Милитао имаше голема непријатност на неговата денешна промоција во Реал Мадрид.

Кралскиот клуб му плати 50 милиони евра на Порто за 21-годишен дефанзивец, кој подеднакво добро игра како стопер и како десен бек.

Милитао беше денеска претставен како нов играч на Реал Мадрид, но додека им се обраќаше на медиумите му се слоши и замина од прес конференцијата.

Пред тоа, успеа да каже:

“Реал е најголемиот клуб во светот и сакам со нив да ја освојам Лигата на Шампионите. Благодарен сум му на Бога што ми дозволи да се најдам тука”.

Коментирај