(ВИДЕО) Реакцијата на Саудискиот принц кон Путин при првиот гол за Русија

0
1353

На првиот натпревар на Светското првенство меѓу Русија и Саудиска Арабија (5:0) камерата фати еден интересен момент помеѓу саудискиот принц Мохамед бин Салман, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и првиот човек на Русија, Владимир Путин.

Тројцата тивко го гледаа натпреварот се до првиот гол на домаќинот. На прв поглед, се чинеше дека руски фудбалер го турна противничкиот играч.

На овој дуел реагираше саудискиот принц нешто гестикулирајќи, јасно објаснувајќи дека тоа е прекршок, додека Инфантино и Путин само ги крена рамениците.

Тој момент беше забележан од камерата и брзо стана хит на социјалните мрежи.

Коментирај